Ријана и Ејсап Роки му посакаа добре дојде на овој свет на своето трето дете.
37-годишната пејачка објави дека роди ќеркичка, која го доби името Роки Ајриш Мајерс и ја сподели првата фотографија со неа. На фотографијата, Ријана го држи во раце бебенцето, кое се роди на 13 септември.
„Роки Ајриш Мајерс. 13 септември 2025“ – напиша Ријана во описот.


Ријана и Ејсап Роки објавија дека го очекуваат третото дете на овогодишната МЕТ гала, одржана во мај.

Популарните музичари веќе се родители на две момчиња. Нивното првото дете, синчето Риза Ателстон Мајерс, се роди во мај 2022 година, а Рајот дојде на овој свет на 1 август минатата година.
Парот започна да се состанува во 2020 година.

