Михаил Корубин ја одржа првата изложба на Артокени во Битола. Македонскиот уметник ги претстави најновите дела во галеријата „Магаза“ во Градот на конзулите.
На самото отворање на изложбата „Артокен Генеза“, беше претставен дел од неговата нова серија слики (акрил и масло на платно), кои ќе бидат интергрирани во Артокенс универзумот. Заедно со нив, беа изложени и 50 нови, досега необјавени Супериорни Артокени, како и целосно новата серија „Раѓање на Артокените“ (акрил на плексиглас).
Талентираниот уметник доби поддршка од сопругата Каролина Гочева, како и од родителите – истакнатата дизајнерка Лиле Корубин и еден од најреномираните македонски сликари Рубенс Корубин.






Во рамките на настанот, се одржа и промоцијата на првата Артокен книга, која ги содржи сите досега создадени Супериорни Артокени, скиците од процесот на нивно создавање, како и примарните Артокени за пишување, со нивните правила и синтакса.
Артокени всушност е кованица на зборовите „art” и „token” и претставуваат конкретни емоции, зборови или настани. Рачно се нацртани од Корубин во минималистички стил со едноставни геометриски фигури.



























































Корубин за следниот месец планира изложба на Артокени и во Скопје.
Фото: Александар Василевски / Femina.mk