Почетна » Новости » Актуелно » Министерот Зоран Љутков со малите ќеркички на црвениот тепих на „Браќа Манаки“

Министерот Зоран Љутков со малите ќеркички на црвениот тепих на „Браќа Манаки“

На синоќешното затворање на Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“ присуствуваше и Зоран Љутков.

Македонскиот министер за култура и туризам на црвениот тепих имаше неодолива придружба. Имено, тој зачекори пред Центарот на култура во Битола со ќеркичките Галена и Сирма.

Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки

За значењето на Фестивалот и поддршката на македонскиот филм, Љутков вели:

Фестивалот „Браќа Манаки“ не е само проекции на филмови. Тој е лабораторија на светлина и сенка, место каде што филмот не продава илузии, туку создава вистинска алхемија - меша реалност и сон, ризик и визија.

Филмот е отпечаток на реалноста, но и предвидување на иднината. Во него лежи моќта да нè разбуди, да нè предизвика, да нè соедини. И затоа, нашата одговорност е голема: да создадеме услови за новите генерации автори, кинематографери, продуценти. Да им дадеме шанса да бидат смели, да ризикуваат, да ја раскажат својата вистина.

Како министер, но и како актер, ветувам: филмот нема да биде статист. Тој ќе биде водечки лик во културната приказна на Македонија. Нашата поддршка ќе биде континуирана, модерна, храбра.

„Браќа Манаки“ е нашиот исчекор во светот на седмата уметност, врата што нè повикува да влеземе во живиот универзум на филмската уметност. И ако некој праша каде е Европа на филмската карта, одговорот е едноставен: овде, во Битола.. Во градот на конзерваторите на слика и емоција. Во Битола што гордо ја пушта камерата да врти, и да снима, и да памети.

Фестивалот можеби формално заврши, но неговата порака само што почнува да живее. А таа порака е едноставна: иднината на филмот е светла, затоа што е во рацете на визионери какви што сте вие.

Им честитам на овогодинешните лауреати, а на организаторите и градот Битола да им честитам на уште едно успешно фестивалско издание.

Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки

46-тото издание на „Браќа Манаки“ се одржуваше од 20 до 26 септември.

Фото: Ивона Кочов / Femina.mk

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 29262 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.