Тања Кочовска и Предраг Павловски ја прославија 30-тата годишнина од бракот.
Како и секоја година, така и оваа, 58-годишната актерка со хумористична објава го одбележа овој специјален ден за нив како пар. Тања сподели две фотографии: на првата нејзиниот сакан сопруг ѝ носи приготвени риби, a на втората таа лежи на болнички кревет и прима инфузија.


Објавата на Тања измами многу насмевки кај нејзините следбеници.
„Нема поголема легенда“, „Секогаш да сте така забавни и откачени“, „Уникат сте“, „Вашите комични приказни се секогаш извор на инспирација и насмевки“, „До 101 и назад да те служи Предраг! И ти него“ – се само дел од коментарите.
И во изминатите години, истакнатата актерка со шеговити објави го одбележуваше денот кога стапи во брак.
Тања има две деца. Синот Александар го доби во првиот брак со актерот Владимир Ендровски, а ќерката Нела ја има со Предраг.