Игор Џамбазов постојано им оддадава почит на родителите и се обидува да го одржи споменот за нив жив.
На 28-годишнината од смртта на мајка му, легендарната македонска актерка Анче Џамбазова, тој сподели заедничка црно-бела фотографија со краток текст од кој извираат големи емоции. Македонскиот актер и шоумен напиша: „28 години без тебе мајчичке...“, а додаде дел од стиховите на песната „Кога те нема“ од Хелена Благне.
„Те нема, а секаде те има, неизбежно те има, во себе си те носам“ – напиша Игор.
Анче почина на 30 септември 1997 година во Скопје кога имаше 55 години. Таа беше ќерка на глумецот Петре Прличко која незапирливо ги следеше неговите чекори во светот на глумата. Најпозната беше по улогите во „Мирно лето“ и „Македонски народни приказни“.

