Почетна » Новости » Актуелно » Хит детаљ од свадбата на српскиот рапер Албино: Наместо сувенир, по еден Кафетин за секој гостин

Хит детаљ од свадбата на српскиот рапер Албино: Наместо сувенир, по еден Кафетин за секој гостин

На српските медиуми и социјалните мрежи кружат многу моменти од свадбата на српскиот рапер Албино и неговата избраничка Исидора. Но, еден мал детаљ доби особено внимание.

Свадба на Албино Свадба на Албино

Имено, на свадбената прослава во отмен ресторан во Белград, наместо класичен сувенир, во чиниите гостите ги пречека по едно апче Кафетин, како симболично потсетување дека веселбата понекогаш знае да заврши со „главоболка“.

Несекојдневниот потег наиде на многу реакции на социјалните мрежи, каде дел од фановите се насмеаја на креативноста и смислата за хумор на младенците, додека други се забавуваа со коментари како „еве го најнеочекуваниот свадбен сувенир досега“.

Свадба на Албино

Моментот брзо стана вирален хит, а голем број од гостите споделија фотографии од масите на кои имаше оставени Кафетин таблети. Некои побрзаа да искоментираат дека токму овој мал детаљ, кој всушност е еден од најпопуларните лекови на македонската компанија „Алкалоид“, најдобро ја отсликува енергијата на Албино како неконвенционален и духовит артист.

Свадба на Албино Свадба на Албино Свадба на Албино

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 29314 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.