Skopje City Mall оваа година одбележува 13 години постоење. По тој повод, од 3 до 5 октомври, сите посетители ќе уживаат во роденденскиот викенд со шопинг по намалени цени од 20% до 60%. Дополнително, ќе имаат можност да уживаат во богата програма со атрактивни концерти, креативни работилници и бројни изненадувања наменети за сите генерации.

Роденденскиот викенд започнува во петок со музика и забава низ целиот мол.
- 18:00 – 21:00 | ДЈ сет на Double G - прв кат кај Манго
- 18:00 – 21:00 | ДЈ сет на Slave - втор кат кај Sport Reality
- 19:00 – 21:00 | Свирка во живо со Trio Zigot (Musical Massage) кај детското игралиште од страната на Тренд Кафе.
Покрај музиката, посетителите ќе можат да уживаат во специјалната диџеј работилница со ДЈ Гоце, а за пауза помеѓу шопингот и забавата на располагање ќе биде релакс корнерот.
Во сабота забавата продолжува со енергија и музика низ целиот мол:
- 18:00 – 21:00 | ДЈ сет на Bruce - прв кат кај Манго
- 18:00 – 21:00 | ДЈ сет на Oky Doky - втор кат кај Sport Reality
По загревањето, ќе следува и главниот дел од прославата кој вклучува спектакуларен концерт на кровот на City Mall. Битолскиот камерен оркестар ќе настапи заедно со 13 веќе добро познати македонски музички имиња: Антониа Гиговска, Андријана Јаневска, Игор Џамбазов, Дарио, Дани Димитровска, Ѓоко Танески, Викторија Лоба, Димитар Андоновски, Александар Тарабунов, Полина Тасева, Јана Бурческа, Наде Талевска и Пере од Нокаут.
Недела, 5 октомври, е целосно посветена на најмладите. Веселиот детски ден, модериран од Андреј Наунов, ќе донесе енергични настапи на танцовите студија Art Ballet, Eat the Beat и Aqua. Најмладите исто така ќе можат да учествуваат во креативна работилница со глина, да гледаат едукативен детски театар и да проследат шоу со магични трикови. Роденденската атмосфера ќе ја заокружат најомилените Биби и Боби со нивната голема забавна програма.

Учеството во роденденските активности е бесплатно и отворено за сите посетители, а програмата ќе се одвива на повеќе локации низ молот. Сите љубители на шопинг и добра забава се добредојдени да бидат дел од оваа голема роденденска приказна.
Сите детали за настанот ќе бидат објавени на социјалните мрежи на Скопје Сити Мол.