Почетна » Новости » Актуелно » Прославете го Светскиот ден на животните во Градскиот парк заедно со dm drogerie markt

Прославете го Светскиот ден на животните во Градскиот парк заедно со dm drogerie markt

И оваа година dm drogerie markt на посебен начин ќе го одбележи 4 октомври – Светскиот ден на животните, со специјален настан организиран во Градскиот парк во Скопје. Притоа, dm ќе донира и преку 600.000 денари во парични средства на неколку организации за заштита на животните, со цел да се обезбедат подобри услови за згрижување.

Настанот ќе се одржи во дворот на кафулето Central Park, а посетителите освен што ќе можат да ги донесат своите домашни миленици, ќе имаат можност да уживаат во забавните активности, но и да си одберат кученце за вдомување од некоја од организациите кои се дел од настанот.

Светскиот ден на животните

Светскиот ден на животните се одбележува насекаде низ светот на 4 октомври, а dm drogerie markt го организира овој настан со цел да нѐ потсети дека добриот живот и здравјето на животните многу зависи и од нашиот однос према нив. Посетителите кои ќе дојдат во придружба на нивните верни крзнени пријателчиња ќе имаат можност да разговараат со ветеринар, ќе дознаат нешто повеќе за производите за исхрана и нега на миленици од dm drogerie markt, да се запознаат подобро меѓу себе и да го одбележат специјалниот ден посветен на животните.

dm drogerie markt подготви и донација во вид на парични средства во вкупна висина од преку 600.000 денари за четири локални прифатилишта: Шепасти Ентузијасти, Хепи Шелтер, Кане Корзо и Спаси Живот. Донацијата е наменета за изработка и поставување на дрвени куќички за кучиња, со цел да им се помогне на овие организации да имаат подобри услови за згрижување на животните и да се зголеми капацитетот на легла кај секое од нив.

Како компанија која силно верува во враќањето назад кон заедницата, dm drogerie markt реши преку овој настан, придружен со донацијата за организациите за згрижување на миленици, уште еднаш да ја покаже својата општествено одговорна страна. Со оваа донација, dm создава услови за подобро привремено згрижување, подобар живот и спасување на што е можно повеќе животни во нашата земја.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 29376 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.