Почетна » Новости » Актуелно » Учениците на Ана Костадиновска со емотивна изведба на „Север и Југ“ од ДНК

Учениците на Ана Костадиновска со емотивна изведба на „Север и Југ“ од ДНК

Ана Костадиновска не го заборава своето „музичко семејство“, колегите од ДНК со кои делеше сцена и соништа. Како професорка по пеење во музичкото училиште „Илија Николовски - Луј“, таа се труди љубовта кон музиката и спомените од ДНК да им ги пренесе на младите генерации.

Така настана и емотивното видео кое го објави на социјалните мрежи. На снимката, нејзините ученици од трета и четврта година, од теоретскиот оддел - предмет џез и популарна музика, ја изведуваат легендарната песна на ДНК „Север и Југ“.

Ученици

Ана успеа да се спаси од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кој трагично ги загубија животите повеќето членови на ДНК: пејачот Андреј Ѓорѓиески, клавијатуристот Филип Стевановски, гитаристот Александар Коларов, тапанарот Ѓорги Ѓоргиев, придружниот вокал Сара Пројковска, бит-боксерот Мартин Атанасовски (Буцо), тонецот Игор Велков и фотографот Александар Ефремов.

ДНК ДНК

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 29408 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.