Почетна » Новости » Актуелно » Приказната зад плишаното мајмунче на неуморната Џејн Гудол која почина на 91 година

Приказната зад плишаното мајмунче на неуморната Џејн Гудол која почина на 91 година

Легендарната Џејн Гудол почина на 91-годишна возраст од природнa смрт, додека беше на турнеја со говори и предавања во Лос Анџелес.

Неуморната активистка, која се вбројува во најистакнатите приматолози и антрополози на светот, со својата работа остави трага што го промени начинот на кој светот гледа на природата, а зад себе остави син, внуци и милиони обожаватели ширум планетата.

Но, покрај своите научни трудови и глобални иницијативи, Гудол зад себе остави и еден необичен, но длабоко личен симбол – плишано мајмунче кое речиси никогаш не го испушташе од раце.

Џејн Гудол

Приказната за Г-дин Х.

Познато како Г-дин Х., плишаното мајмунче ја следеше Гудол на патувања низ повеќе од 65 земји. Таа често велеше дека токму тоа ѝ било потсетник дека ништо во животот не е невозможно.

Мајмунчето ѝ било подарок од нејзиниот пријател Гери Хаун, поранешен маринец кој ослепел по хеликоптерска несреќа на само 21 година. И покрај хендикепот, тој станал успешен магионичар, се искачил на Килиманџаро и скокал со падобран, инспирирајќи ја Гудол со својата храброст.

„Гери настапува пред деца и дури на крајот им кажува дека е слеп, тие едноставно не можат да поверуваат“, изјави Гудол во едно од своите последни видеа.

Многумина веруваа дека Г-дин Х. е шимпанзо, симбол на нејзината животна мисија. Но, Гудол објаснуваше дека тоа е мајмун, а не шимпанзо, затоа што има опашка. „Гери мислел дека ми подарува шимпанзо, додека не му покажав дека има опашка“, појасни таа низ смеа.

Џејн Гудол Џејн Гудол

Иако постои само еден вистински Г-дин Х., Институтот „Џејн Гудол“ нуди „Mr. H Junior“, плишано мајмунче преку кое секој може да ја пренесе пораката за надеж и мир што Гудол ја ширеше во целиот свој живот.

Џејн Гудол Џејн Гудол Џејн Гудол Џејн Гудол

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 29408 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.