Илирјана Салиу оваа година ја претставува нашата држава на Miss Grand International 2025 во Бангкок, Тајланд.
На почетокот од натпреварот за убавина, нашата натпреварувачка блесна во сребрена креација од модната куќа Елена Лука, која исто така ги потпишува останатите креации кои Илирјана ќе ги носи додека е во Тајланд.
„Нашата убава Илиријана Салиу веќе е во Бангкок и блеска на Miss Grand International 2025. Ѝ посакуваме многу среќа и неверојатно патување“ – стои на Instagram профилот на Miss North Macedonia.










Илирјана е медицинска сестра во Куманово.
Miss Grand International (MGI) е меѓународен избор за убавина кој оди подалеку од традиционалните натпревари. Под мотото „Забавувајќи го светот со убавина“, натпреварот комбинира мода, уметност, технологија и култура за да создаде незаборавни спектакли.
Оваа година 77 претставнички ќе се борат за посакуваната титула.

