Моника Коцарева си го оствари својот сон и одржа модна презентација во Париз додека трае Париската недела на модата.
Македонската дизајнерка измами гласен аплауз од публиката и се поклони заедно со нејзината мала ќерка, со која беа стилски координирани во впечатливи црни фустани.
На ревијата беше прикажана колекцијата „Fleurs de Mal“ (Цвеќиња на злото) за сезоната пролет/лето 2026. Колекцијата е модерна интерпретација на париското уметништво од 19. век.














Нашата креаторка им се заблагодари на соработниците, а во Градот на светлината сними и фотосесија кај Ајфеловата кула со популарниот фотограф Стефан Соколовски (badstef), Во екипата беше и фризерот и стилист Октај Сејди.


