Ријана за првпат беше видена во јавност неполн месец по раѓањето на третото дете, а поводот беше роденденската прослава на нејзиниот партнер, раперот Ејсап Роки, кој наполни 37 години.
37-годишната музичарка, која на 13 септември ја роди својата прва ќерка, беше фотографирана додека се возеше во ретро Ролс-Ројс облечена во црна кожена јакна заедно со среќниот славеник.
Двојката беше фотографирана во Вест Холивуд, каде што беше организирана прославата на Ејсап.














Ријана го објави раѓањето на ќеркичката Роки Ајриш Мајерс на 24 септември.

Популарните музичари се родители и на две момчиња. Нивното првото дете, синчето Риза Ателстон Мајерс, се роди во мај 2022 година, а Рајот дојде на овој свет на 1 август минатата година.
