Почетна » Новости » Актуелно » Македонска гордост: Сестрите Емили и Луна блеснаа со 13 златни и 1 сребрен медал во Унгарија

Македонска гордост: Сестрите Емили и Луна блеснаа со 13 златни и 1 сребрен медал во Унгарија

Мали девојчиња, со огромни таленти! Емили Нера Кочан и Луна Дариа Кочан се вратија од Европското првенство во латино танци во Сиофок, Унгарија со вкупно 14 медали.

Сестрите, кои со години се дел од танцувачкото студио „Dancers United“, со својата енергија, техника и љубов кон танцот, ја освоија публиката и жирито на меѓународната сцена и освоија 13 златни и 1 сребрен медал.

Луна и Емили, кои се ученички во ООУ „Вера Циривири - Трена“ во Скопје, го подигнаа македонското знаме високо на европската сцена.

Кочан Кочан Кочан Кочан Кочан

А еве кои медали зборуваат за нивниот талент:

Луна Дариа Кочан:

Самба – Соло опен мини кидс
Ча ча ча – Соло опен мини кидс
Румба – Соло опен мини кидс
Џајв – Соло опен мини кидс
Пасо Добле – Соло опен мини кидс
Латин шоу – Соло
Трио – Латин шоу

Емили Нера Кочан:

Самба – Соло опен деца
Ча ча ча – Соло опен деца
Румба – Соло опен деца
Пасо Добле – Соло опен деца
Латин шоу – Соло
Џајв – Соло опен деца (сребрен медал)
Трио – Латин шоу

„Браво Луна и Емили! Со вашата посветеност, талент и љубов кон танцот, вие сте вистинска гордост за сите нас!“ – порачуваат од училиштето „Вера Циривири – Трена“.

Кочан Кочан Кочан Кочан

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 29480 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.