Почетна » Новости » Животни стории » Не знаела дека е трудна: Ја пренесеувале на болница за воспалено слепо црево, родила бебе во амбулантното возило

Не знаела дека е трудна: Ја пренесеувале на болница за воспалено слепо црево, родила бебе во амбулантното возило

Девојка, која итно морала да биде одведена во болница под сомнение дека има воспаление на слепото црево, го доби шокантно изненадување.

Меган Ишервуд од Англија родила момче во амбулантното возило на пат кон болницата. Сега, и мајката и бебето се во одлична здравствена состојба и уживаат заедно.

„Останав без зборови. Не можев да поверувам што се случува. Немав стомаче, немав никакви симптоми, тој дојде од никаде“ – рекла таа.

Меган Ишервуд Меган Ишервуд

На 9 септември, 26-годишната Британка се разбудила со екстремно силни болки на десната страна од стомакот и започнала да повраќа крв.

Стравувајќи дека станува збор за воспалено слепо црево, повикала Брза помош. Медицинските лица кои пристигнале во нејзиниот дом веднаш ја пренеле во локалната болница, откако забележале забрзан пулс и гадење, типични симптоми за слепо црево. Но, состојбата брзо се влошила.

Меган започнала обилно да крвари и го намокрила целиот кревет.

„Петнаесет доктори се собраа околу мене обидувајќи се да откријат што се случува. Одлучија да направат компјутерска томографија и ултразвук за да исклучат бременост, но тогаш видоа главче и стапала.“

Веднаш била пренасочена кон болница со акушерска служба, но не стигнала навреме и се породила во амбулантно возило.

„Морав да напнам. Следното нешто на коешто се сеќавам е дека ми честитаа за бебето и ми кажаа дека е момче. Толку бев шокирана, што не можев да поверувам што се случи“ – раскажува Ишервуд.

Меган Ишервуд

Но, радоста брзо се претворила во страв, бидејќи новороденчето било сино и не дишело. Медицинскиот тим веднаш започнал реанимација и, за среќа, успеале да го вратат во живот.

Меган Ишервуд Меган Ишервуд Меган Ишервуд

И на мајката и на бебето им била дијагностицирана сепса и биле префрлени на одделението за интензивна нега. По 16 дена поминати таму, на 25 септември, Ишервуд конечно се вратила дома со своето „бебе-чудо“, кое го крстила Џексон.

„Тој напредува одлично. Тој е чудо“ – вели младата мајка.

Меган Ишервуд Меган Ишервуд Меган Ишервуд Меган Ишервуд Меган Ишервуд Меган Ишервуд Меган Ишервуд Меган Ишервуд Меган Ишервуд

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 29480 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.