Северина беше вистинска ѕвезда на концертот одржан во Франкфурт, Германија.
53-годишната хрватска пејачка ја разигра публиката која не престануваше да ги пее нејзините хитови. Популарната музичарка изгледаше неверојатно во проѕирна креација со ѕвезди создадена специјално за неа од Zigman. Својот изглед, го надополни со чокер со циркони.



Во описот на албумот споделен на Instagram, Северина го најави концертот во Велес, кој ќе се одржи на 11 октомври.
„Ова беше предобра вечер. По месец дена, конечно повторно со бендот. Се гледа дека се одморивме и тргнавме силно во продолжението на турнејата. Велес (мк) се гледаме на 11.10“ – напиша таа















