Некои личности се вистинска инспирација и секојдневно докажуваат дека годините се само обична бројка. Таква личност е Благоја Ацковски, познат и како Бале Брзи.
72-годишниот скопјанец го истрча Виз Ер Скопскиот маратон за помалку од 4 часа и доби бројни аплаузи на социјалните мрежи. Благоја трчаше облечен во народна носија и ја заврши трката од 42 километри за 3 часа, 59 минути и 24 секунди.

Инспиративниот планинар и маратонец постојано беше бодрен од публиката и стана еден од хероите на маратонот. Еве што напишаа на Instagram профилот на Скопски маратон:
БЛАГОЈА АЦКОВСКИ – БАЛЕ БРЗИ (72)
Вистинска инспирација на Виз Ер Скопски маратон 2025!
Со свои 72 години, Благоја Ацковски од Скопје, познат како Бале Брзи, го освои срцето на сите учесници и гледачи. Облечен во народна носија, тој ја истрча маратонската трка (42 км) со неверојатно време од 3:59:24!
Неговиот дух, упорност и љубов кон трчањето се потсетник дека возраста никогаш не е пречка кога срцето трча!
Честитки, Бале Брзи! Благодарение на тебе, Виз Ер Скопски маратон 2025 ќе остане запаметен по инспирација, насмевки и македонски дух!
Фотографот Анастасовски Горан на Facebook сподели фотографии од Бале заедно со порака.


ФОТО: Facebook / Бале Брзи, Анастасовски Горан