Халид Бешлиќ ја изгуби битката со тешката болест.
Легендарниот босански пејач почина денес, околу 13:00 часот, на 72-годишна возраст по кратко боледување. Поради здравствените проблеми, Халид пред три месеци бил хоспитализиран на Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево и префрлен на одделението за онкологија, но за жал, не успеа да се избори за својот живот.


Пред неколку години, тој отворено зборуваше за здравствените проблеми.
„Имав 125 килограми, па 115, а сега имам 105, 20 килограми помалку и се држам тука, но треба да стугнам до 90. Нагло се здебелив и тоа ме преоптеретуваше. Причината беше што престанав да пушам. Имав проблеми со вените, артериите, вградени ми беа два стента. Малку го тргнав и алкохолот, така што сега сум фит и да можам да пеам. Разбудиме сред ноќ и јас можам да запеам“ – изјави за „In Magazin".
Неговото музичко наследство е огромно и засекогаш ќе се пеат неговите хитови како: „Miljacka“, „Prvi poljubac“, „Ja bez tebe ne mogu da zivim“, „Hej zoro, ne svani“, „Sevdah da se dogodi“ и многу други.




