Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џенифер Лопез и Бен Афлек заедно на викенд патување, поттикнаa гласини дека повторно се во врска

Џенифер Лопез и Бен Афлек заедно на викенд патување, поттикнаa гласини дека повторно се во врска

Гласините дека Џенифер Лопез и Бен Афлек ја обновија романсата стануваат сè посилни и посилни.

Холивудските ѕвезди во изминатите недели имаа повеќе средби, а викендов го поминаа заедно, што ги наведе нивните фанови да веруваат дека помеѓу нив има нешто повеќе од пријателство.

52-годишната пејачка и 48-годишниот актер се релаксираа во Монтана, а со приватен авион се вратија во Лос Анџелес.

Џенифер Лопез и Бен Афлек Џенифер Лопез и Бен Афлек Џенифер Лопез и Бен Афлек Џенифер Лопез и Бен Афлек

„Џенифер помина неколку дена со Бен. Тие имаат силна поврзаност. Сето ова е брзо и интензивно, но Џенифер е среќна“ – изјавил близок на Џеј Ло за People.

Џенифер и Бен имаат љубовна историја. Тие се верија во 2002 година по неколкумесечна врска. Парот беше нарекуван „Бенифер“ и привлекуваше огромно медиумско внимание.

Денови пред да стапат во брак во 2003 година ја одложија свадбата, а официјално се разделија во 2004 година.

Џенифер Лопез и Бен Афлек Џенифер Лопез и Бен Афлек Џенифер Лопез и Бен Афлек Џенифер Лопез и Бен Афлек Џенифер Лопез и Бен Афлек Џенифер Лопез и Бен Афлек

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11147 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.