Џенифер Лопез сними видео за „Вог“ во кое ги сподели нејзините тајни за младешки изглед и за шминкање на лицето.
53-годишната музичарка откри кои козметички призводи ги користи, колку време спие, како си го контурира лицето и други тајни од нејзината рутина за разубавување. Џеј Ло е категорична дека со нега на лицето треба да се започне од млада возраст.
„Слушнав една тајна за убавина по која живеам, а тоа е дека до 25-годишна возраст го имаш лицето со кое си родена, а потоа го имаш лицето што го заслужуваш“ – вели таа во видеото за „Вог“.

Славната музичка и филмска ѕвезда ги поби тврдењата дека користи прескапи средства за чистење на кожата и откри дека си го чисти лицето со препарат од нејзината козметичка линија. Потоа нанесува серум и хидратантна крема со заштитен фактор, што за неа е нешто што мора да се стави на лицето.
За убави и впечатливи очи, таа задолжително користи капки за очи.
Една од тајните за убавина на Лопез е спиењето.
„Еден од моите трикови кога не можам да спијам доволно е во тоа дека има одреден број часови во кои треба да спиеш пред да ти заспие лицето. Значи или треба да биде под 4 или над 7, тоа е моето правило“ – вели таа.
Балзам за усни доаѓа следно во рутината на Џенифер, која завршува со крем околу очите.
Откако ќе го подготви лицето за шминка, Лопез потоа покажува како си го контурира лицето и што става на него за да го добие посакуваниот изглед.
„Сè започнува со твојата кожа. Со тоа колку си одморена и среќна. Бидејќи можете да ја ставите целата шминка на светот, но ако не сте среќни, ако кожата не ви е здрава... тоа не можете да го прикриете. Не можете да прикриете како се чувствувате однатре, како се грижите за себе. Луѓето ќе го видат тоа“ – вели Лопез.