Џенифер Лопез беше магнет за погледи на премиерата на нејзиниот најнов филм „Atlas“ во Лос Анџелес.
54-годишната актерка и пејачка без сопругот Бен Афлек пристигна на настанот во Холивуд додека се шират гласините дека имаат брачни проблеми, дека живеат во различни домови и дека Бен „знае дека му е потребен развод“.
Лопез изгледаше сензационално во црно-бел фустан од Greta Constantine и впечатлив накит од Manish Malhotra.









Таа позираше и со колегите од филмот, во кој Лопез е „брилијантна аналитичарка на податоци со длабока недоверба во вештачката интелигенција (AI)“ која има мисија да го спаси човештвото.



