Џенифер Лопез во моментов ги извршува своите ангажмани во рамките на меѓународната турнеја „It’s My Party“.
Пред концертот во Тел Авив, 50-годишната пејачка беше на романтична вечера со својот сакан Алекс Родригез. Лопез привлекуваше внимание во колоритен свилен костум во пижама стил од Гучи, кој го надополни со бели патики.





Таа сподели и две фотографии на Instagram.


Парот пристигна во Израел пред два дена заедно со близнаците Макс и Еми и двете ќерки на Алекс, Ела и Наташа. На аеродромот во Тел Авив, славната музичка ѕвезда ги покажа стомачните мускули и одличната фигура во комплет од Пако Рабан. Таа ги држеше за раце своите две деца.





На Instagram, Алекс сподели дека за првпат е во Израел, но дека луѓето се толку пријатни, што дефинитивно посакува повторно да се врати таму.