Почетна » Новости » Занимливости » „Прекрасна случајност“ во Тирана: 10 акушерки од иста болница се бремени истовремено

„Прекрасна случајност“ во Тирана: 10 акушерки од иста болница се бремени истовремено

Необична, но топла и радосна вест доаѓа од Тирана.

Во породилиштето „Кралица Џералдина“, дури десет акушерки се бремени истовремено. Оваа ретка и емотивна случајност стана вирален хит во албанските медиуми и на социјалните мрежи, а за неа објави и албанскиот премиер Еди Рама.

„Прекрасна случајност: 10 акушерки од породилиштето ‘Кралица Џералдина’ се на истото мајчинско патување“ – напиша Рама на својот профил на Facebook, споделувајќи го овој радосен момент со јавноста.

И од самото породилиште го потврдија настанот, истакнувајќи ја посебната симболика што ја носи оваа состојба.

„Од рацете кои секојдневно се грижат за нови животи, до срцата кои сега носат нов живот во себе. Во породилиштето ‘Кралица Џералдина’, 10 мајки заедно го доживуваат чудото на бременоста“.

„Оние кои секој ден се грижат за сопругите, мајките и бебињата со врвна посветеност денес исто така го носат најголемиот благослов во себеси – животот. Редок дар кој сите нè возбудува“ – стои во објавата на болницата.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 29103 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.