Сара Сандева влезе во улога на водителка на овогодишното издание на ИФФК „Браќа Манаки“.
На сцената во Центарот за култура во Битола, 28-годишната актерка со космополитска биографија и македонско потекло изгледаше прекрасно во црна креација со корсет. Сара го отвори битолскиот фестивал најавувајќи ги наградите и филмовите кои ќе бидат прикажани во текот на претстојните седум дена.





„Од сцените на Прага до филмските платна низ Европа, Сандева создаде имиџ на уметница која умее да премине културни граници со леснотија. Таа е симбол на генерација што носи нова елеганција, современост и отвореност кон светот, но и нераскинлива врска со своето потекло.“
„Нејзиното присуство како водителка на свеченото отворање, ја затвора една биографска кругова линија: од Скопје каде што е родена, преку Прага каде израснала и се школувала, назад во градот на браќата Манаки – таму каде што започна балканската историја на камерата“ – стои во објавата за Сара на организаторите на фестивалот.







Фото: Ивона Кочов, Александар Василевски / Femina.mk