Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Златен медал“ за филмскиот критичар Благоја Куновски-Доре на „Браќа Манаки“

„Златен медал“ за филмскиот критичар Благоја Куновски-Доре на „Браќа Манаки“

Друштвото на филмските работници на Македонија му додели медал на филмскиот критичар Благоја Куновски-Доре за неговиот особен и долгогодишен придонес кон Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“.

„Златниот медал“ му беше доделен на синоќешната церемонија по повод отворањето на 46-тото издание на Фестивалот во Битола.

Браќа Манаки Браќа Манаки

Специјалната награда му ја додели Томи Салковски, секретар на ДФРМ, кој најмногу соработувал со Куновски и го нарече најголемиот филмски критичар во Македонија на сите времиња, најголем презентер на македонскиот филм надвор од границите на Македонија и најголемиот соработник на Друштвото на филмски работници и фестивалот „Браќа Манаки“:

Браќа Манаки Браќа Манаки

Пред 30 години, кога овој фестивал го имаше својот најголем подем, бев поканет да бидам претседател на жири на студентската програма на фестивалот и тогаш го запознав Благоја Куновски-Доре. Оттогаш непрекинато тече нашата голема соработка. И кога станав директор на ИФФК „Браќа Манаки“, бев 8 години директор и тогаш бевме најголеми соработници, се боревме да го промовираме македонскиот филм и да го донесеме најдоброто од светот кај нас. Тој продолжи понатаму. Не ме издржа само мене, ги издржа и сите понатаму кои беа директори и неуморно твореше, работеше и инсистираше во некакви подобрувања на овој Фестивал.

Доревски изјави дека бил трогнат од доделеното признание и дека бил посветен на една кариера која била исполнета со многу возбудувања:

Му благодарам на Друштвото на филмски работници за ова внимание. Особено ме исполнува да сум дел од таа организација на филмаџиите и што сум дел од овој наш фестивал кој е еден од ретките, можеби единствен амбасадор на македонската култура. Филмовите и нивните автори сум ги доживувал како мисионери во поставувањето на еден подобар, поубав, похуман и подостоинствен свет во кој живееме.

Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки

Наградата „Златен медал“, како и наградата „Големата ѕвезда на македонскиот филм“ која ќе ја добие Кирил Џајковски, ги изработи компанијата „Божиновски“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 29126 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.