Џенифер Анистон сподели дека во изминатите 20 години тајно се обидувала да стане мајка додека во јавноста била етикетирана како „себична“ и „работохоличарка“.
56-годишната актерка, позната низ целиот свет по улогата на Рејчел во култната серија „Friends“, не остана рамнодушна на тие осудувања и во интервју за британскиот Harper’s Bazaar проговори за децениската борба да основа свое семејство.


„Тие не ја знаеја мојата приказна, ниту низ што поминав во изминатите 20 години обидувајќи се да основам семејство, бидејќи не излегувам јавно да зборувам за моите медицински проблеми“ – рече таа.
„Не е ничија работа. Но, доаѓа момент кога не можеш да не го слушнеш тоа – наративот дека немам дете, дека немам семејство, затоа што сум себична, работохоличарка. Да, тоа ме засега, јас сум само човечко суштество“ – додала Анистон.



Холивудската ѕвезда во 2022 година за првпат зборуваше за обидите да има бебе, за неуспешните инвитро оплодувања и за шпекулациите дека нејзините сопрузи (Бред Пит и Џастин Теру) ја оставале затоа што не сакала да им даде дете.
„Се обидував да забременам. Патот кон правење бебе беше предизвикувачки за мене.“
„Сите тие години и години и години шпекулации... Беше многу тешко. Поминав низ инвитро, пиев кинески чаеви... Би дала сè ако некој ми речеше: ‘Замрзни си јајце-клетки. Направи си услуга’. Едноставно не мислев на тоа. Па, еве сум денес. Бродот исплови“ – рече тогаш Анистон.


Како нејзината лична болка да била мала, во медиумите постојано се пишувало за неа дека е себична и дека само се грижи за кариерата и дека поради тоа не сака да има дете.
„И дека причината зошто ме оставил сопругот, зошто раскинавме или го прекинавме бракот била дека не сум сакала да му дадам дете. Тоа се апсолутни лаги. Немам што да кријам сега“ – додаде таа во интервјуто во 2022 година.

