Компанијата Warner Bros. сними филм во кој ги враќа на филмското платно едни од омилените ликови од цртаните – Том и Џери. Овојпат, нивните авантури продолжуваат во Њујорк.
Во официјалниот трејлер, Џери си наоѓа дом во луксузен хотел, каде е планирано да се одржи „свадбата на векот“. Сакајќи да се ослободи од глушецот, менаџерот на хотелот најмува помошник во „ловењето“, кој всушност не е никој друг, туку Том.
Видео:


