Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Јас сум Божјо чудо“: Бремената сопруга на Марк Антони се отвори за здравствените предизвици во детството

„Јас сум Божјо чудо“: Бремената сопруга на Марк Антони се отвори за здравствените предизвици во детството

Надја Фереира сними нежна фотосесија за шпанското издание на People.

23-годишната убавица, која го очекува првото дете со Марк Антони, го прегрнува трудничкото стомаче на фотографиите направени на плажа. Мисицата, која во 2021 година го претставуваше Парагвај на Мис Универзум, се отвори за бременоста, за идната улога на мајка, за поддршката од Марк и за здравствените предизвици со кои се соочила по раѓањето и како дете.

Надја Фереира

„Верувам дека ова е најубавиот период од мојот живот додека да се роди нашето бебе. Со сигурност ќе биде најпрекрасното нешто што ми се случило во животот. Се чувствуваме благословени и она што најмногу го посакуваме е нашето бебе да се роди здраво.“

„Поддршката на Марк е многу важна во мојата бременост. Тој е постојано со мене, многу ме разгалува. По цел ден сме заедно и одлично се согласуваме. Знам дека Марк ќе биде одличен татко. Тоа ми е јасно“ – рекла таа.

Надја Фереира

Надја раскажала дека се родила со тортоколис или крив врат и дека на 8-месечна возраст била оперирана.

„Секогаш велам дека сум Божјо чудо, затоа што сум родена со вроден тортиколис и на 8 месеци мораа да ме оперираат. Бев на работ меѓу животот и смртта“ – раскажала таа.

По една деценија, на Надја ѝ бил дијагностициран редок синдром кој го засега функционирањето на мозокот. Поради него, таа ги изгубила видот и слухот и останала неподвижна на левата страна. Состојбата најчесто се подобрува самата по себе за 1-3 години. Кај Надја, симптомите траеле 18 месеци.

Фереира и Марк решиле да не го откриваат полот на бебето со фановите. За таа одлука, Надја рекла:

„Знам дека многу луѓе се љубопитни, но тоа е нешто што ќе го задржиме за себе. Секој ден се молиме на Бог да се роди во одлично здравје, без разлика дали е момче или девојче. Тоа веќе не е важно, што и да ни испрати Господ, ние ќе бидеме среќни“.

Надја Фереира

Парот стапи во брак на крајот од јануари оваа година, а следниот месец објавија дека очекуваат дете.

свадбени фотографии на Марк Антони и Надја Фереира Марк Антони и Надја Фереира

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11343 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.