Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ѕирнете во тропскиот дом на сестрите Кара и Попи Делевин во Лос Анџелес

Ѕирнете во тропскиот дом на сестрите Кара и Попи Делевин во Лос Анџелес

Сестрите Кара и Попи Делевин ги отворија вратите на заедничкиот дом во Лос Анџелес за Architectural Digest.

Популарните актерки и модели во 2017 година инвестираа 2 милиони долари за да го купат имотот на Џаред Лето во Калифорнија, а потоа го реновираа 18 месеци за да ги задоволи нивните вкусови. Тие се вселиле во него во јануари годинава.

Куќата има 4 спални соби и 3 бањи, а се протега на површина од околу 400 м2. Најголем дел од ентериерот е на тема „Џунгла“.

Кара и Попи Делевин Кара и Попи Делевин Кара и Попи Делевин

„Попи има подобро око од мене. Таа има беспрекорен вкус, па ѝ го препуштам изборот на декорации“ – рекла Кара.

„Лос Анџелес може да биде осамено место. Треба навистина да се потрудиш за да се видиш со луѓе. Ова беше нашата шанса да ја создадеме нашата сестринска куќа од соништата. За чудо, сè уште си зборуваме“ – шеговито рекла Попи за одлуката на сестрите да живеат заедно.

Кара и Попи Делевин Кара и Попи Делевин Кара и Попи Делевин Кара и Попи Делевин Кара и Попи Делевин

Видео

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11147 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.