Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ѕирнете во свадбата на Леона Луис која се одржа во винаријата на Стинг во Тоскана

Ѕирнете во свадбата на Леона Луис која се одржа во винаријата на Стинг во Тоскана

Пред помалку од 10 дена Леона Луис и Денис Јаух стапија во брак на идилична свадба во винаријата на Стинг во Тоскана, Италија. На свадбената прослава, на имотот кој датира од 16-тиот век, присуствувале 180 гости.

34-годишната пејачка изгледаше прекрасно во романтична венчаница од израелската дизајнерка Мира Звилингер.

Леона Луис и Денис Јаух

Пред неколку часа, Леона ја објави првата фотографија од свадбата и напиша: „Ќе го ценам овој ден целиот мој живот. Пред 9 години, овој неверојатен маж влезе во мојот живот, а изминатиов викенд рековме „Да“ опкружени од луѓето кои ги сакаме. Од нашата вечера во фамилијарен стил во винаријата во Тоскана до нашата церемонија во малата капела која нè штитеше од бурата надвор, до сите ноќи поминати во пеење и танцување... Секој момент беше подарок на љубов“.

Ексклузивно право на фотографиите од свадбениот ден има списанието Hello!, за кое Леона изјави: „Тоа беше најубавиот ден, исполнет со љубов. Беше многу специјално што можевме да ги собереме на едно место сите што ги сакаме. Имаше многу солзи“.

Леона Луис и Денис Јаух

Видео

30-годишниот кореограф и танчар ја запроси Леона во ноември минатата година.

Леона Луис и Денис Јаух Леона Луис и Денис Јаух Леона Луис и Денис Јаух Леона Луис и Денис Јаух Леона Луис и Денис Јаух Леона Луис и Денис Јаух Леона Луис и Денис Јаух

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11709 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.