Шерон Стоун се обидува да ја подигне свеста за ракот на дојка и да помогне во собирање средства за истражување на оваа болест.
65-годишната актерка присуствуваше на хуманитарната гала „Women’s Cancer Research Fund Gala“ и изгледаше фантастично.
На настанот, таа се појави во маслинесто-зелена креација од Yousef Akbar и зборуваше за своето искуство со тумор на дојка.






„Беа сигурни дека не може да го имам тој тумор без истиот да биде рак. Не беше! Но, влегов во болницата и им реков: ‘Ако ме отворите и ако е рак, ве молам сечете ми ги двете гради, бидејќи јас не сум личност која е дефинирана од градите’“ – изјави таа и додаде дека ѝ биле отстранети делови од градите, но дека тоа не се ни забележува.
Шерон со насолзени очи зборуваше за блиски личности кои ги изгуби токму поради оваа болест.





