Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Шенон Доерти се отвори за битката со рак на дојка и прифаќањето на телото

Шенон Доерти се отвори за битката со рак на дојка и прифаќањето на телото

Шенон Доерти надмина голем животен предизвик. Актерката од „Беверли Хилс, 90210“ во март 2015 година дозна дека има рак на дојка, а сега отворено проговори за најлошите моменти и за тоа како болеста влијаела на нејзиното тело и бракот.

Шенон Доерти

48-годишната ѕвезда го опиша моментот кога сфатила дека ситуацијата е пресериозна. „Бев на средината на хемотерапија и тогаш ослабев до 41 килограм, не можев да задржам ништо во телото и знаев дека целото мое тело откажува. Мајка ми ме однесе на доктор и тие буквално ме кренаа на раце од автомобилот и ме ставија во инвалидска количка. Со часови примав инфузија, зашто бев премногу дехидрирана и беа загрижени дека органите ќе започнат да ми откажуваат“ - рече таа.

Како последица на агресивните третмани, Шенон во јули 2016 година започна да ја губи косата и ја избричи главата. Опишувајќи го тоа болно поглавје, таа вели: „Мислам дека тој момент беше прифаќање. Моето прифаќање дека тоа ми се случуваше, дека навистина ја губам косата, дека животот ми е во опасност и дека не сум непобедлива, дека нешто може да ме убие и дека всушност имам рак.“

Шенон Доерти Шенон Доерти

Во интервјуто за People, таа сподели и како ракот влијаел на нејзиното тело и самодовербата.

„Кога ќе завршиш со хемотерапија или радијација, луѓето мислат дека си добро и дека ќе се вратиш како порано. Но не сфаќаат дека твоето тело поминало низ нешто неверојатно тешко и никогаш нема целосно да се врати како порано.“

„Се обидувам да пронајдам начин да го прифатам ова што сум сега. Никогаш нема да бидам големината која бев претходно. Некои од лековите кои ги примам го уништуваат колагенот во мене, па никогаш нема да имам лице без брчки. Самокритична сум. Но, има некои нешта со кои не можеш да се бориш. Се обидувам да бидам подобра кон себе. И се обидувам да го живеам секој ден како прекрасен, скапоцен дар кој ми е даден“ - додава таа.

Шенон Доерти

Шенон сподели и дека поради големиот здравствен проблем, нејзиниот брак со Курт Исвариенко застанал на многу стабилни нозе и нивните односи значително се подобриле. Таа ја добиваше неговата поддршка на секој чекор.

Шенон Доерти

„Не е дека нашиот брак не беше добар и претходно, но откако дојде ракот, по расправија не дозволуваме да ја поминеме ноќта лути еден на друг. Последниот пат кога сме имале голема кавга, беше пред ракот. Исто така, тука е и почитувањето. За Курт, треба него да го прашате, но чувствувам дека тој има длабока восхит кон мене поради начинот на кој се справив со болеста“ - објасни холивудската ѕвезда која моментално го промовира продолжението на „Беверли Хилс, 90210“, насловено „БХ90210“.

Шенон Доерти

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11054 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.