Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Шакира потврди дека е бремена со второто дете

Шакира потврди дека е бремена со второто дете

Шакира и Пике го прошируваат семејството. Колумбиската пејачка потврди дека е бремена.

Шакира, Пике и Милан

Гласините дека Шакира повторно е во блажена состојба започнаа на затворањето на Мундијалот, но музичката ѕвезда ги потврди сега во интервју за „Cosmopolitan“ Мексико.

„Па да, вистина е, бремена сум“ – рекла таа.

Шакира

Пред една седмица Шакира објави видео во кое со Пике го прифаќаат предизвикот „Ice Bucket“ и се полеваат со кофа студена вода, но вешто го сокри трудничкото стомаче со широка црна маица.

27-годишниот фудбалер и 37-годишната пејачка се запознаа за време на снимањето на спотот „Waka Waka (This Time for Africa)“. Во јануари минатата година им се роди првото дете, синот Милан.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.