Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Бремената Шакира позираше со Пике и малиот Милан за УНИЦЕФ

ФОТО: Бремената Шакира позираше со Пике и малиот Милан за УНИЦЕФ

Шакира и Жерар Пике во секој момент го очекуваат раѓањето на своето второ дете. Среќниот пар објави семејни фотографии со кои ги повикува фановите да учествуваат во хуманитарна акција на УНИЦЕФ.

На фотографиите, 37-годишната пејачка го покажува големото трудничко стомаче, позирајќи со насмевка покрај 27-годишниот фудбалер и двегодишниот син Милан.

Шакира, Пике и Милан Шакира и Пике

Учесниците во хуманитарната акција всушност купуваат подароци како полио вакцини, ќебиња и вакцини за мали сипаници, кои ќе им бидат доставени на деца во најсиромашните земји во светот.

Хуманитарната акција е виртуелна бебешка забава (baby shower), во рамките на која подароци добиваат деца низ светот наместо бебето на Шакира, како што е обичај на забавите од ваков тип.

„Сега, кога наскоро го очекуваме нашето второ дете, сакаме да им помогнеме на други деца низ светот и да придонесеме за изнаоѓање на долгорочно решение за доставување на неопходните средства на децата кои живеат во екстремна сиромаштија“ – се вели во соопштението на парот.

Шакира

Ова е проширување на идејата „World Baby Shower“, која Шакира и Пике ја развија со УНИЦЕФ пред раѓањето на Милан.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10278 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.