Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Шакира и Пике ја објавија првата фотографија од малиот син Саша

ФОТО: Шакира и Пике ја објавија првата фотографија од малиот син Саша

Шакира и Пике ја објавија првата фотографија од новородениот син Саша. Славните родители ја објавија слатката фотографија од малото бебе на сајтот worldbabyshower, посветен на хуманитарната акција која тие ја организираа во соработка со УНИЦЕФ.

Саша се роди на 29 јануари во Барселона.

Саша

Шакира претходно сподели и фотографија од малата нога на својот втор син и се пошегува дека неговите стапала личат на „фудбалските“ стапала на Пике, за што доби илјадници позитивни коментари.

Саша

Со споделените семејни фотографии, славниот пар ја поттикнува хуманоста на своите обожаватели. Учесниците во хуманитарната акција World Baby Shower купуваат подароци како полио вакцини, ќебиња и вакцини за мали сипаници, кои ќе им бидат доставени на деца во најсиромашните земји во светот.

Шакира, Пике и Милан

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11257 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.