Шакира и Bizarrap гостуваа во шоуто на Џими Фелон.
46-годишната пејачка зборуваше за соработката со 24-годишниот аргентински диџеј за песната снимена по нејзината разделба со Жерар Пике. Потоа, таа за првпат во живо го изведе хитот кој сруши многу рекорди.


Шакира едвај ги задржа солзите кога призна дека имала многу тешка година по раскинувањето со Пике, кој најверојатно ја изневерувал со сегашната девојка Клара Чиа Марти.
„Оваа песна на некој начин стана химна на многу жени. Знаете, имав многу тешка година по мојата разделба. Пишувањето на оваа песна ми беше многу важно. Тоа беше здрав начин за да ги изразам моите емоции. По објавувањето на песната почувствував дека не само што имам фанови, туку дека имам сестринство од жени кои поминале низ истото, кои размислуваат како мене, кои го чувствуваат она што го чувствувам, кои се соочиле со истите нешта како мене. Знаете, не ја напишав песната за мене, туку за сите жени таму некаде кои имаа потреба од форум и глас кој ќе ги претставува“ – рече таа.
Атрактивната облека која Шакира ја носеше во шоуто доаѓа од брендот Mugler.



