Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Шакира: „Бракот ме плаши. Не сакам Пике да ме гледа како сопруга, туку како љубовница, како забрането овошје“

Шакира: „Бракот ме плаши. Не сакам Пике да ме гледа како сопруга, туку како љубовница, како забрането овошје“

Додека се подготвува за спектакуларниот настап на Супер Боул, Шакира сними интервју за „60 Minutes“.

Во него, 42-годишната музичка ѕвезда зборува за нејзиниот став за бракот, моментите кога соучениците ја измејувале за гласот, а заедно со Пике раскажуваат како се запознаа.

„Не бев обожавателка на фудбалот, па не знаев кој е, но кога го видов видеото си помислив: ‘Хмм... оној е симпатичен’. И потоа некој одлучи да нè запознае“ – изјави Шакира за првата средба со Пике.

Славната пејачка откри и зошто не сака да се омажи за Пике: „Не сме во брак. Бракот ме плаши. Не сакам да ме гледа како „сопругата“. Сакам да ме гледа како негова девојка, љубовница, како забрането овошје. Сакам да го држам во неизвесност, да мисли дека сè е возможно во зависност од однесувањето“ – вели таа.

ВИДЕО:

Во дел од интервјуто, Шакира открива и дека била исмејувана за гласот од нејзиниоте соученици кои ѝ велеле дека пее како коза.

ВИДЕО:

Шакира и Пике се заедно од 2011 година и имаат две деца, Милан и Саша.

Шакира и Пике Шакира и Пике

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27591 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.