Ченинг Тејтум и Зои Кравиц ја одведоа врската на следното ниво.
43-годишниот актер и 34-годишната актерка се верија. Веста за нивната свршувачка се прошири откако таа беше фотографирана со голем дијамантски веренички прстен на раката. Повеќе извори блиски до парот ја потврдија оваа информација за People.
Во текот на викендот, ќерката на Лени Кравиц и ѕвездата од „Magic Mike“ беа фотографирани на Халовин забава. На раката на Зои блескаше вереничкиот прстен.



„Знае да ме насмее, двајцата ја сакаме уметноста и сакаме да зборуваме за уметноста и да истражуваме зошто го правиме она што го правиме. Обожаваме да гледаме филмови, а потоа да ги разложуваме и да зборуваме за нив, предизвикувајќи се еден со друг“ – рекла Зои во интервју.


Парот започна да се состанува во 2021 година.

Претходно, Тејтум 10 години беше во брак со актерката Џена Деван со која има една ќерка. Тие се разведоа во 2019 година.

