Ченинг Тејтум и Зои Кравиц кренаа прашина откако деновиве двапати беа фотографирани заедно.
41-годишниот актер и 32-годишната актерка заедно се возеа на велосипед и пиеја кафе со мраз, а нивните дружби беа уловени од папараците. Холивудските ѕвезди изгледаа среќно заедно, па многумина започнаа да шпекулираат дека тие се во врска, иако овие гласини не се потврдени од нив.





Кравиц поднесе документи за развод од актерот Карл Глусман во декември минатата година, а Ченинг се раздели од Џеси Џеј изминатиот октомври.




