Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Целулитот е нормална појава: Камила Кабејо им возврати на оние кои го критикуваа нејзиното тело

Целулитот е нормална појава: Камила Кабејо им возврати на оние кои го критикуваа нејзиното тело

Камила Кабејо не ги проголта без коментар критиките насочени кон нејзиното тело. Славната пејачка раскажа дека случајно налетала на негативни мислења на социјалните мрежи кои се однесувале на нејзиниот изглед, па со позитивна порака се осврна на реалноста зад „фотошопираните“ слики.

Коментарите се родија по распространувањето на папараци фотографии од Камила и нејзиното момче Шон Мендес.

Камила Кабејо Камила Кабејо

Во пораката на Камила се вели: „Искрено, прво се почувствував супер несамоуверено... Ох, не! Мојот целулит! Ох, не! Не го вовлеков стомакот! Но потоа, си реков... се разбира дека има и лоши слики, се разбира дека има лоши агли. Моето тело не е направено од карпа, нити пак само од мускули. Но, најтажното од тоа што младите девојки растат во фотошопиран свет е што трагаат по совршенство кое не е реално.“

„Го пишувам ова за девојките како мојата мала сестра кои растат на социјалните мрежи. Тие константно гледаат фотошопирани, изменети фотографии и си мислат дека тоа е реалноста. Очите на сите се навикнати да гледаат измазнети тела и измазнета кожа и одеднаш си мислат дека тоа е нормално. Не е. Тоа е лажно. А лажното станува новото реално. Сите ние имаме нереалистична замисла за женското тело. Девојки, целулитот е нормална појава. Масните наслаги се нормални. Убаво е и природно.“

Камила Кабејо Камила Кабејо Камила Кабејо Камила Кабејо

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27535 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.