Откако се закити со Златен глобус, Бред Пит синоќа ја доби и наградата за Најдобар актер во споредна улога на „National Board of Review Awards Gala“ во Њујорк.
На сцената, 56-годишниот актер го прими признанието од својот колега Бредли Купер. Двајцата холивудски шармери, кои се и добри пријатели, топло се прегрнаа, а заедно позираа и пред фоторепортерите.









Наградата на Бред Пит му беше доделена за неговата улога во филмот „Once Upon a Time in Hollywood“ во режија на Квентин Тарантино.
Пред два дена, Бред беше фотографиран од папараците додека заминуваше од апартманот на Бредли во Њујорк.

