Марго Роби одушевува со својот изглед на целата промотивна турнеја за новиот филм „Barbie“.
На премиерата во Лондон, славната актерка изгледаше беспрекорно во уште еден стајлинг инспириран од Барби кукла.
33-годишната филмска ѕвезда носеше светло розов фустан изработен специјално за оваа пригода од ателјето на Вивиен Вествуд, а е инспириран од куклата „Enchanted Evening“ од 1991 година.






Марго позираше и со Рајан Гослинг, кој ја има улогата на Кен.














