Хилари Свонк ќе стане мајка. 48-годишната Оскаровка сподели дека е бремена и дека очекува близнаци.
Среќната вест Свонк ја откри за време на гостување во емисијата „Good Morning America“, каде носеше лелеав цветен фустан од Zimmermann за да го прикрие стомачето.
„Ова е нешто што го посакував долго време. Ќе станам мајка и не само на едно, туку на две деца. Не ми се верува“ – изјави славната актерка и додаде дека е во вториот триместар од бременоста.
.@HilarySwank is going to be a mom of TWO!
— Good Morning America (@GMA) October 5, 2022
Congratulations! https://t.co/kWY5S6eOU4 pic.twitter.com/kzuG8NkpdF
По шоуто, Хилари објави неколку фотографии на Instagram на кои го покажува стомачето.




Хилари стапи во брак со Филип Шнајдер во 2018 година, а за неколку месеци заедно ќе се радуваат на проширувањето на нивното семејство.
