Хилари Свонк наскоро ќе стане мајка на близначиња и со возбуда зборува за неверојатните нешта кои може да ги прави женското тело.
48-годишната Оскаровка беше дел од шоуто на Џејмс Корден „The Late Late Show“, каде го искажа своето одушевување од чудата на бременоста.
„Сметам дека жените се суперхерои. Она што можат да го направат нашите тела? Имам огромна, новопронајдена почит. Мислам, ги обожавам жените, отсекогаш сум ги обожавала жените, но сега само си мислам: ‘Wow, ние го можеме ова’“ – рече таа.
Свонк сподели со Корден и другата гостинка Гвинет Палтроу дека првите четири месеци од бременоста не биле лесни и дека имала многу утрински мачнини.
„Во првите 16 недели имав многу утрински мачнини. Сè што сакав беше овошје. Знам дека не е толку возбудливо колку кисели краставички макнати во путер од кикирики, но јадев многу овошје. Реакцијата на еден од моите колеги кога дозна дека сум бремена беше: ‘Аха, затоа јадеше 10 калинки и 50 круши дневно’“ – сподели Хилари.

Свонк објави дека е бремена во октомври минатата година за време на свое гостување во емисијата „Good Morning America“.


Хилари е во брак со Филип Шнајдер од 2018 година. Претходно, тие беа во врска две години.
