Хилари Свонк тајно се омажи за претприемачот Филип Шнајдер, а фотографиите од шармантната венчавка стигнаа до очите на нејзините фанови благодарение на „Вог“.


Двократната оскаровка го изговори судбоносното „Да“ во фустан од Ели Сааб, кој бил изработуван 70 часа од страна на 7 лица.
„Со години го сакам Ели Сааб и бев пресреќна што тој ми ја дизајнираше венчаницата. Сакав нешто романтично... Фустанот беше сè што си замислував и повеќе од тоа“ - изјавила 44-годишната актерка.
Елегантните сандали биле специјално направени за неа од Кристијан Лобутин.


Парот се заколна на вечна љубов во природа, пред дрвја кои се постари од 800 години.










Вечерната прослава тие ја започнаа со танц на „Can’t Take My Eyes Off You“.






Подоцна невестата се пресоблече во втора венчаница креирана од Марија Грација Киури, која стои на чело на модната куќа Dior.



