Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Хилари Даф и Мајк Комри стапија во брак

Хилари Даф и Мајк Комри стапија во брак

Хилари Даф и Мајк Комри официјално се сопруг и сопруга. 22-годишната актерка и 29-годишниот хокеј играч во саботата си ветија дека ќе бидат заедно до крајот на животот на интимна церемонија во Санта Барбара.

Мајк Комри и Хилари ДафМајк Комри и Хилари Даф

„Мајк ја држеше својата рака околу Хилари за време на романтичната церемонија на свеќи и двајцата изгледаа екстремно среќни“ – изјавил еден од стотината гости.

Хилари носела прекрасна венчаница дизајнирана од Вера Ванг, а била испратена до олтарот од нејзината мајка.

Среќните младоженци се во врска од 2007г., а во текот на февруари оваа година Мајк ја побара раката на Хилари со прстен од 1 милион долари додека престојуваа на Хаваите.

Мајк Комри и Хилари ДафПапараците го уловија мометот кога Мајк ја побара Хилари за жена

Хилари многупати досега има давано изјави полни со пофалби за својот сакан. „Немам сретнато некој што може да каже лош збор за него. Тој е благороден, грижлив и весел“ – изјавила Даф во март минатата година за својот сегашен сопруг.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11173 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.