Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Хајди Клум: нема да брзам да ослабам!

Хајди Клум: нема да брзам да ослабам!

Хајди Клум бременаХајди Клум бремена со четвртото дете.

Иако супермоделот Хајди Клум е позната по тоа што експресно си ја враќа својата топ форма после секоја бременост, пред раѓањето на своето четврто дете изјави дека овој пат нема толку да брза да се врати во форма.

За разлика од минатата бременост, кога само по два месеци од раѓањето на нејзиниот син Хенри, се појави на ревијата на Victoria’s Secret и изгледаше прекрасно, оваа година Клум нема да применува драстично слабеење.

И покрај тоа што е поканета да учествува на овогодишното шоу на Victoria’s Secret во ноември, Клум тврди дека има многу мала веројатност да се појави на модниот подиум оваа есен.

„Од компанијата знаат дека ревијата е кратко време по моето породување и не вршат притисок врз мене, а и јас не си вршам притисок“ – изјавува Клум. „Во зависност од тоа како ќе се чувствувам, ќе видиме што ќе се случи.“

Сега, по раѓањето на малата Lou Sulola Samuel (9 октомври) ни останува да видиме дали Хајди Клум ќе ги остави работите да се случуваат полека или ќе нè изненади со својата појава на шоуто на Victoria’s Secret во ноември.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10619 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.