Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Хајди Клум ги напушти ангелите на Victoria's Secret

Хајди Клум ги напушти ангелите на Victoria's Secret

Хајди КлумХајди Клум на шоуто минатата година.

По 13 успешни години соработка со Victoria's Secret, еден од најпознатите брендови за долна облека, Хајди Клум реши да му го отстапи своето место на некој друг ангел.

„На сите убави нешта им доаѓа крајот. Секогаш ќе ја сакам Victoria's Secret. Тоа беше апсолутно прекрасен период“ – изјавила 37-годишната Хајди.

Германскиот супермодел за прв пат зачекори на ревија за компанијата во 2001 година, а беше водителка на нивните спектакуларни ревии во 2002, 2006, 2007 и 2009 година. Минатата година Хајди ја воодушеви публиката откако се појави на пистата по долна облека само 5 седмици по раѓањето на нејзиното четврто дете.

Сигурно ова не е крај на кариерата на Клум. Таа сè уште е главна ѕвезда во шоуто Project Runway и постојано е ангажирана во многу други проекти.

Нејзиниот сопруг Сил ја вовлече и во музичките води. Тој изјави дека Хајди многу добро пее и успеа да ја вклучи во една од своите песни. Освен тоа, двајцата се појавија во најновиот спот на Сил за песната „Secret“.

Минатогодишното шоу на Victoria's Secret

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9495 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.