Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Хали Бери на 46 години е бремена со второто дете

Хали Бери на 46 години е бремена со второто дете

Хали Бери е бремена. Атрактивната актерка и нејзиниот свршеник Оливие Мартинез го очекуваат своето прво заедничко дете.

Хали Бери и Оливие МартинезОливие Мартинез и Хали Бери

Според порталот TMZ, 46-годишната актерка е во третиот месец од бременоста и носи момче.

Хали има ќерка од моделот Габриел Обри со кого ја прекина 4-годишната врска во 2010 година. Малата Нала има 5 години.

Нала

Минатата недела Хали, Оливие и Нала беа фотографирани додека уживаа на одмор на Хаваи.

Оливие Мартинез, Хали Бери и НалаНала со Хали и Оливие на Хаваи Хали Бери Нала со Хали и Оливие на Хаваи

Неодамна Хали призна дека Нала посакува да има сестричка и откри дека имала прекрасна бременост. „Мојата бременост беше прекрасна. Бев среќна цело време, се чувствував добро, имав енергија, бев како супер-жена. Посакувам да се чувствувам така до крајот на животот, толку многу беше фантастично“ – изјавила таа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9507 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.