Џесика Алба била фотографирана додека се релаксирала на тропска плажа во Франција. 31-годишната актерка се сончала и забавувала во тиркизните води заедно со сопругот Кеш Ворен и блиски пријатели.



Во портокалово-сини бикини Алба го покажала тонираното тело и природната убавина.





Пред да замине на островот St. Barts, среќниот пар го прослави Велигден заедно со своите две ќерки, Хонор и Хевен.





Алба неодамна ја објави книгата „The Honest Life“, инспирирана од желбата да му обезбеди здрава и безбедна средина на своето семејство, особено на своите ќерки.